Временска најава

Објавил: admin@magazin | 15 април, 2021 10:12

ДЕНЕС ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНО – ОД УТРЕ ПОПЛАДНЕ НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И НОВИ ВРНЕЖИ, ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец.

Температурите ќе се движат во интервалот од 9 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа од утре попладне следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 8 до 17 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...