Тодоров токму поради случајот со смртта на малата Тамара го доби прекарот "министер за смрт", но 3 години подоцна не е ни осомничен во случајот за кој е директно надлежен

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 8:22

Денес ќе се чуе обвинението за смртта на малата Тамара

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинението за смртта на малата Тамара која почина во 2015 година чекајќи операција на ‘рбетот утре треба да се прочита во судница пред јавноста и пред обвинетите.

По неколку одложувања поради отсуство на овој судски процес во кој на 12 лица им се суди за несовесно работење во служба, за денес е закажано ново рочиште во Основниот суд Скопје 1.

Минатото рочиште беше одложено бидејќи адвокатите приговараа за превод на дел од доказите, а реагираа и на условите во судницата во новата зграда на Кривичниот суд.

На ова рочиште присутни беа сите обвинети, но адвокатите приговараа на преводот на дел од доказите.

Судијата Марин Станевски кој ја води постапката им вети клупи и услови на адвокатите за следното рочиште, а обвинителката која постапува во овој предмет ја задолжи да ги преведе доказите и да и ги достави на одбраната.

Во оваа постапка 12 лица се обвинети за несовесно работење во служба. Меѓу нив не е тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

На обвинителна клупа треба да седнат петмина членови на првостепената и исто толку членови од второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на малата Тамара Димовска од Велес во странство.

Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија тие го донеле по истекот на законски предвидениот рок спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум.

Тамара Димовска почина во 2015 година чекајќи операција на ‘рбетот во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести