Беомот на Македнската Народна песна, со безбројни хитови кои се пеат и свират на светско ниво како што е Македонско Девојче , Битола мој роден крај и други, ЈОНЧЕ ХРИСТОВКИ како да остана заборавен 

Објавил: Македонка Димкин | 3 јануари, 2022 10:35

Деновие сите зборуваат за сопругата на Тома, Јонче Христовски никој не го есапи!

Фото/Текст извор: ©мондо.рс

Филмот „Тома“ ја донесе приказната за животот на легендарниот боем Тома Здравковиќ и драмата изврши силно влијание и врз македонската публика.

Но, филмот во прв план стави многу луѓе од опкружувањето на Тома. Една од личностите кои предизвикаа внимание е неговата сопруга Гордана со која ги помина последните 18 години од животот.

Гоца со години живеела во Торонто и таму го запознала славниот пејач. Немала поим како нивното пријателство ќе се одвива.

– Не размислував за неговата слава, затоа што не планирав да се вратам во Србија. А, не планирав ниту да се омажам за него – рекла за „Хело“ при нејзиниот последен престој во Белград.

“Во Србија доаѓам секоја година. Додека свекрвата ми беше жива редовно одев во Печењевац да ја бидам. И после нејзината смрт го посетував нејзиниот гроб. Таа беше прекрасна жена која цел живот го подреди на децата и внуците. Тома беше силно поврзан со мајка му, најмногу ја сакаше од сите“, откри Гоца.

За нејзиниот живот пред Тома малку се знае, а Гордана откри детали од својот живот.

– Родена сум во Велики Црљени кај Лазаревац. Јас сум дете од село и секогаш сакав да работам, тоа ми беше задоволство. Ни денес не ми е ништо тешко. Како дете сакав да бидам стјуардерса, да патувам и да го видам светот. Но бев многу слаба за таа професија. Се запишав на техничко училиште кое ме не интересираше. Таа година дојде брат ми од Канада и ме зема со него. Таму си ветив дека ќе бидам сам свој газда. Завршив за фризерка, отворив салон и тука се пронајдов. Ништо не ми беше тешко – додаде Гордана.

Беомот на Македнската Народна песна, со безбројни хитови кои се пеат и свират на светско ниво како што е Македонско Девојче , Битола мој роден крај и други, ЈОНЧЕ ХРИСТОВКИ како да остана заборавен 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.