Денеска е ден на национална жалост и во Бугарија.

Објавил: admin@magazin | 24 ноември, 2021 8:07

Ден на жалост во Република Македонија: Знамето на половина копје

Фото/Текст извор: ©магазин

Веднаш откако се вратија од Бугарија, премиерот Зоран Заев и министрите  ја почнаа владината седница на која беше прогласена тридневна жалост.

Во Македонија денеска е втор ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани. Македонската влада вчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство.

Денеска е ден на национална жалост и во Бугарија.

На овој начин им се оддава почит на жртвите од двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак кај Варна во кој загинаа девет лица и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.