Ден на жалост во Италија се прогласува по несреќата со уривањето на надвозникот кај Џанова во кој загинаа 38 лица а 20 се водат за исчезнати

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 14:53

Ден на жалост утре во Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Италија утре е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова при што загинаа 38 луѓе а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.

За утре е предвидена литургија и погребување на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија [ РАИ ].

Надвозникот Моранди дел од автопатот А10 се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри.

Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.