Ова го потврдија и од МВР и објаснија дека министерот телефонски дал наредба да се блокираат сите излези од неговиот кабинет и да се проверат сите камери за да се истражи дали списоците имале човек внатре, кој им помогнал со бегството.

Објавил: Перо Милчин | 11 април, 2021 19:15

ДЕН ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕТО: Списоците со тајни хонорарци во бегство

Фото/Текст извор: ©plus info

Нецели 24 часа пред јавноста да ги дознае имињата на тајните хонораци што во минативе 3 години наплатиле околу милион евра народни пари, Владата соопшти дека не може да ги лоцира списоците, кои му биле доверени на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски и последен пат се видени во неговиот кабинет.

– Ги оставивме кај министерот на чување. Што се случи во меѓувреме, како исчезнаа, навистина не можам да ви кажам.

Пред малку го баравме во кабинетот, ама секретарката ни рече дека е во црква на литургија и нѐ увери дека пред да замине, наредил да се формира комисија за да се најде одговорниот за овој пропуст.

И сега чекам – рече за Кооперација портпаролот на Владата.

Ова го потврдија и од МВР и објаснија дека министерот телефонски дал наредба да се блокираат сите излези од неговиот кабинет и да се проверат сите камери за да се истражи дали списоците имале човек внатре, кој им помогнал со бегството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести