Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Објавил: Владо Марин | 11 јули, 2020 10:37

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Фото/Текст извор: ©Alsat

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот на тридневното гласање за предвремените парламентарни избори на 15 јули за МИА оценува дека Комисијата направила максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори.

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

– Би сакал да ги повикам граѓаните да излезат и да гласаат и притоа да бидат сигурни дека на избирачките места се сосема сигурни и здравствено заштитени затоа што ние ги дезинфициравме сите гласачки места, обезбедивме доволни количини заштитни средства за сите членови на изборната администрација но и за секој граѓанин кој евентуално нема заштитна маска, доволно дезинфициенси, ракавици и доволно пространи избирачки места.

Дали Државната изборна комисија е целосно подготвена за спроведување на предвремените парламентарни избори на 15 јули?

Можам да потврдам дека се она што беше надлежност на ДИК се спроведе и се направија максимални напори да се организираат безбедни и транспарентни избори.

Успеавте ли да ги реализирате сите планирани подготвителни активности, имајќи предвид дека на пример се доцнеше со формирање на посебните избирачки одбори поради постојаните барања за изземање од здравствените работници?

Не се доцнеше со формирање туку имаше барања за изземање по кои комисијата брзо реагираше и тоа ќе го правиме додека дозволуваат условите затоа што имаме разбирање за здравствените работници.
Какви изборни денови очекувате, имајќи предвид дека овој пат се гласа на 13,14 и 15 јули кога гласањто е од 7 часот наутро до 21 часот, односно за два часа продолжено?

Се надевам дека и покрај специфичните услови во кои се организираат овие избори изборните денови ќе поминат мирно и достоинствено со што нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура.

Кога би можеле да ги дознаеме првичните резултати од гласањето на 15 јули, како и одѕивот на гласачите?

Оваа година со примена на нова апликација, претседателите и замениците на избирачките одбори ќе имаат обврска да доставуваат податоци за излезноста по истекот на секои два часа во текот на денот, а по затворањето на гласачките места и по утврдувањето на резултатот со помош на истата апликација ќе се овозможи брз трансфер на резултатите со што ДИК ќе може да излезе со првични не официјални резултати многу брзо.

Каква е вашата порака до граѓаните, до изборната администрација, но и до сите учесници на изборите?

Би сакал да ги повикам граѓаните да излезат и да гласаат и притоа да бидат сигурни дека на избирачките места се сосема сигурни и здравствено заштитени затоа што ние ги дезинфициравме сите гласачки места, обезбедивме доволни количини заштитни средства за сите членови на изборната администрација но и за секој граѓанин кој евентуално нема заштитна маска, доволно дезинфициенси, ракавици и доволно пространи избирачки места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...