Претседателот на ДИК, Дерковски на последниот прес искажа невистини, тој објави дека до 15 часот гласале 334.075 гласачи што е 18.49% а не 22.56% од елеторатот што внесе забуна

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 17:21

Дерковски згреши или манипулира?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во своите извештаи од текот на гласањето за референдумот, Државната изборна комисија соопштува неточни податоци, реагираат и граѓаните и медиумите.

На прес-конференцијата одржана во 15.30 часот, на која што беа соопштени податоците за одзивот на гласање до 15 часот, претседателот на комисијата, Оливер Дерковски, соопшти дека до тој момент на гласачките места излегле 334.075 гласачи, но истовремено и дека таа бројка претставува 22,56 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Но, 334.075 гласачи претставуваат 18,49 отсто од вкупниот број гласачи (1.806.336), а не 22.56 отсто, како што соопштија од ДИК.

Од друга страна, 22,56 отсто излезени гласачи би биле 407.510 гласови, а не 334.075.

Од тука се поставува прашањето, која е вистинската бројка на излезени гласачи?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...