Дерковски посочи дека не треба да се брза со датумот за избори. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2020 10:17

ДЕРКОВСКИ: Избори под маска и со растојание од 2 метри се тешко изводливи и ќе чинат поскапо!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Дерковски цврсто стои на тоа дека во моментот нема услови за одржување на избори. Тој истакна дека тешко може да се реализираат избори под маски, но и да се почитува социјалното растојание од 2 метри. 

Во своето работење ДИК се раководи според уставот и законите на Република Македонија како и подзаконските акти, упатства и изборниот законик. При својата работа ДИК ги применува меѓународните конвенции и добри изборни практики.Членовите на ДИК и вработените дејствуваат независно од било кој центар на моќ, одлучуваат непристрасно и согласно утврдените факти, одговорно ги спроведуваат сите активности неопходни за спроведување на изборната постапка.

Дерковски посочи дека не треба да се брза со датумот за избори. 

-Во оваа ситуација имаме 14,15 кандидатски листи, замислете по еден нивен претставник ќе има секако на избирачко место плус пет членови на избирачкиот одбор, тоа се отприлика 20 луѓе кои треба да ги дистанцираме на 2 метри. Многу е мал бројот на простории во државата каде се гласа, а може да се обезбеди такво дистанцирање. Поучени од искуството од Јужна Кореја која организираше избори, таму пред влезот на секое избирачко место имаше здравствено лице кое мереше температура на секој гласач, истакнува за Сител, Дерковски.

Првиот човек на ДИК рече дека воедно ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а со тоа ќе бидат потребни и повеќе човечки ресурси, а земајки ја предвид економската состојба во земјава за време на пандемијата од  Ковид-19 би било отежителна околност.

За изборите кои беа закажани за 12 април беа предивдени 7 милиони евра, од кои 4 милиони за реклами на партиите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.