Избирачкиот список се потпишува од сите членови на комисијата и од кога ќе се потпишат сите, тој се заклучува и со тој список се оди на избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2020 10:27

Дерковски: Нема да потпишам избирачки список кој нема да обезбеди заштита на гласачкото право!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утринава во гостувањето во емисијата „Утрински Брифинг“ претседателот на ДИК, Оливер Дерковски зборуваше за евентуалните избори за кои вели дека нема да потпише избирачки список кој нема да ја помине целата процедура за тој да биде прочистен и нема да обезбеди заштита на гласачкото право.

Изборите кои беа закажани за 12 април беа одложени поради моменталната ситуација со пандемијата од коронавирос во земјава и во светот.

-Избирачкиот список се потпишува од сите членови на комисијата и од кога ќе се потпишат сите, тој се заклучува и со тој список се оди на избори. Избирачки список кој не би ја поминал целата процедура за да биде утврден прочистен, распоредени сите гласачи на своите места, да им се даде право на увид за да може да се заштитат и да обезбедиме заштита на гласачкото право пред надлежните судови, јас нема да потпишам, истакна претседателот на ДИК, Дерковски.

Вчера во интерву за Вечер, Дерковски посочи дека стои на ставот дека не треба да се брза со изборите и дека ќе чека насоки од здравствените власти за изборите, но сепак стои на ставот дека не треба да се брза поради моменталната ситуација со коронавирусот.

 Јас не би лицитирал со датуми, цело време апелирам да се води сметка дека за да се завршат сите работи навистина ни треба време, не се водам од политички побуди и мотиви, туку самата ситуација ги наметнува. Голем дел од граѓаните кои се во странство а ги има на избирачки список и имаат право да гласаат, може ќе сакаат да се вратат летово во земјава и да гласаат тука. Имаат право да гласаат, меѓутоа ако важат овие мерки веројатно ќе треба да бидат во карантин, па ќе треба да организираме гласачки места и во карантин, а тоа бара посебни услови, и не трпи импровизација. Јас не би си зел одговороност за таква организација, вели претседателот на ДИК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести