За технички подготовки, кампања и ажурирање на Избирачкиот список, потребни се околу 50 дена.

Објавил: Владо Марин | 25 април, 2020 21:54

Дерковски: Џафери треба да ги распише изборите, а ДИК е подготвена за изборниот процес!

Фото/Текст извор: ©Магазин

ДИК е подготвена да продолжи со изборните дејствија,  но прво треба да се одреди кој ден ќе се одржат изборите, вели во разговор за Телма претседателот на Комисијата Оливер Деркоски.

Тој го повика Уставниот суд да го поништи решението  за одржување избори на 12-ти април и очекува спикерот Талат Џафери да ги распише за некој друг термин.

„Џафери треба да ги распише изборите, но, прво треба да се направи ситуација со која претходното решение ќе се стави вон сила. Мислам дека Уставниот суд треба да се произнесе за оваа ситуација и тој е единствено меродавен во оваа ситуација.

Мое лично мислење е дека сите други постапки ќе не воведат во нови правни лавиринти кои ќе доведат до несакани пракси сега и во иднина“, изјави Дерковски во разговор за ТВ Телма.

За технички подготовки, кампања и ажурирање на Избирачкиот список, потребни се околу 50 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...