Повтори дека во секој случај ДИК ќе стори сè за овие избори да се спроведат без проблеми.

Објавил: Владо Марин | 24 јуни, 2020 6:43

ДЕРКОСКИ: ДИК ќе стори сè за овие избори да се спроведат без проблеми

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Речиси 20 отсто од избирачките места се променети локациски со цел да се обезбедат поголеми простори на денот на изборите. Притоа, се почитува законот и тоа не е подалеку од три километри за урбани средини и не повеќе од пет километри за рурални, рече Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Спроведувањето на изборите со новите протоколи, донесени од Комисијата за заразни болести, ќе биде тешко, рече во вчерашната „Топ тема“ претседателот на Држвната изборна комисија Оливер Дерковски.

Некои луѓе не можат да ги сменат навиките, па додаваат масло на огнот. Не е коректно менување на одредени правила во 5 до 12. Веројатно повторно ќе прочитаме во некој од наредните извештаи на ОДИХР дека постојано ги менуваме изборните правила во несоодветен временски рок. Најмалку една година пред изборите не треба да се менуваат изборните правила, стои во извештајот, вели Дерковски.

– Бројот на лица кои се во самоизолација, веројатно, ќе биде многу помал наредниот период, а пријавувањето е овозможено до 8 јули, пет дена пред да гласаат односно седум дена пред 15 јули – основниот ден на гласање. Од она што го слушнавме денес, веројатно ќе нема лица во карантин, дотогаш ќе истече карантинскиот рок од 14 дена.

Проблем се активните заразени случаи кои во моментов се околу три илјади, што значи дека најмалку две илјади гласања ќе имаме кај тие лица – рече Деркоски.

Повтори дека во секој случај ДИК ќе стори сè за овие избори да се спроведат без проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...