„Најголем ризик од инфекција има во затворените простори“, објаснува д-р Сара Кејт, професор по хирургија во Њујорк и додава дека отворените области се најбезбедни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2020 16:04

ДЕСЕТ МЕСТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ ВО ДОБА НА КОРОНА!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Vijesti.me

За време на пандемија на коронавирус, многумина ги избегнуваат продавниците во трговските центри, кафулињата или свадби и погреби. Сепак, дури и кога навидум нема опасност од Ковид 19, постојат места во секојдневниот живот кои се особено ризични.

„Најголем ризик од инфекција има во затворените простори“, објаснува д-р Сара Кејт, професор по хирургија во Њујорк и додава дека отворените области се најбезбедни.

Ова се места каде лекарите никогаш не би отишле заради сегашната состојба:

1.Јавни тоалети

Ако е воопшто можно, избегнувајте го ова место. Ако веќе мора да одите во тоалет, тогаш обрнете внимание колку е чисто. “Ако треба да го користам јавниот тоалет, тогаш посветувам многу внимание на тоа колку е чисто. Мијам рацете кога ќе излегувам од тоалетот”, вели д-р Вјас.

2.Банка

Ако можете да плаќате сметки и да работите други работи по електронски пат, не испуштајте ја приликата да го сторите тоа и не одете во банка затоа што парите се едни од најнечистите предмети во светот и докажано е дека може да се пренесе голем број бактерии и вируси. Поради оваа причина, подобро е да се користи кредитна картичка за да се избегне ризик.

3. Ресторани

Иако порано сте практикувале да одите во ресторан на ручек или вечера, добро би било да размислите пред да резервирате маса. Иако нема забрани, треба да се провери дали келнерите носат заштитни маски.

Докторите препорачуваат голема претпазливост и во верските објекти, не препорачуваат бакнување на иконите или било каков друг контакт….

4. Кафулиња

Можеби е добра идеја да бидете малку трпеливи и околу идејата да излезете на кафе. Д-р Кејт ве советува засега да се откажете од таа идеја. Таквите простори се ризични затоа што многу луѓе допираат површини, како што се вратата и столот.

5. Верски објекти

Како и во многу затворени простори, д-р Кејт не би препорачала да одите ниту во црква освен ако нема ограничен број посетители. Ако одите во црква, тогаш ставете маска и запомнете да избегнувате контакт со другите.

6. Теретана

Веројатно знаете дека спортските сали може да бидат извор на инфекција особено кога сте испотени. Минатата година една студија покажа дека 25 проценти од површината во салата во која се вежба е позитивна за бактерии отпорни на лекови и патогени на грип. Ако одите во теретана, дезинфицирајте ги сите површини, држете растојание и добро измијте ги рацете и облеката по тренингот.

7. Базени

Иако не постојат докази дека вирусот може да се шири низ вода, бројот на луѓе во базенот и растојанието може да биде опасен, но сепак ако додадете кивање, тресење на рацете, бришење на носот и потење, потребно е да бидете многу претпазливи. На пример, во Њујорк базените нема да бидат отворени затоа што едноставно не е пронајден начин за да се овозможи социјална дистанца. Ако сфатите дека е невозможно да го задржите растојанието, не одете во базен.

8. Трговски центри

И таму има многу површини што можат лесно да пренесат вируси, а оние за кои никогаш не сме размислувале, како копчето за лифт, се исто така потенцијален извор на инфекција. Бидејќи ова се големи простори, тешко е да се задржи сè дезинфицирано цело време. Најдобро е да купувате преку интернет.

9. Концерти

Иако повеќето од концертите се откажани, но ако размислувате да одите, лекарите советуваат претпазливост: „Јас би останала дома, тоа би било концерт каде ќе има голем собир на луѓе“.

10. Кино сали

Како и рестораните, така и ова е премногу ризично за пренесување на вирусот. Ситуацијата е иста – вие сте премногу блиски со другите луѓе и лесно може да стапите во контакт со нив. Гледајте филмови дома.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...