Дескоска, пак, рече дека и натаму верува и се надева на закон за ЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 декември, 2019 8:55

Десковска: Згрозена сум од случувањата во СЈО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „ClickPlus” на тв 21  министерската за правда, Рената Дескоска истакна дека е згрозена од случувањата во СЈО, конкретно се осврна на случајот „Рекет“ во кој беше вмешана и Катица Јанева.

Министерската за правда Рената Дескоска важи за кадар на Радмила Шеќеринска и во рамките на дебатата внатре во СДСМ ќе се залага за двојни избори во Април, предвремени парламентарни, заедно со претседателските.

Дескоска, додаде и дека и натаму верува и се надева на закон за ЈО.

Јас кажав јавно дека сум згрозена од тоа што се случувало во СЈО, а постапката ќе си продолжи во судот и ќе видиме што е вистината на крајот, но со престанувањето на мандатот на специјалната јавна обвинителка дојде до трансфер на предметите, и предметите продолжија. Гледам дека сега јавниот обвинител именува обвинители кои ги воделе тие постапки да продолжат понатаму да ги водат, што е добро и она што се случува во моментот е дека имаме институциај на хартија, СЈО е сега само на хартија фактички нема предмети бидејќи сите се трансферирани, во републичкото обвинителство и потоа таму се дадени надолу рече Дескоска.

Гостинка во еисијата беше и професорката Гордана Силјановска Давкова која возврати дека таа не очекувала добар исход од формирањето на СЈО.

Јас не очекував добар исход од формирањето на Специјалното јавно обвинителство, особено во моментот кога беше јасно кој ќе застане на чело на овој орган, изјави во вечерашното гостување во емисијата„Клик плус“ на ТВ21 професорката Гордана Силјановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.