Бидејќи очигледно мојата вчерашна изјава за Планот Б внесе забуна во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, еве една постојна одредба од нашето позитивно право, која веќе еднаш се примени во пракса и никој тоа не го оспори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 август, 2019 6:57

ДЕСКОСКА: “Двајца од ВМРО-ДПМНЕ имаат опсесивна потреба да си го мерат со мене”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Има двајца од ВМРО-ДПМНЕ што имаат опсесивна потреба да ‘си го мерат својот авторитет’ со мене, напиша министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи, потенцирајќи дека тоа не се однесува на пратеникот Антонио Милошоски или било кој друг од досегашниот преговарачки тим на ВМРО ДПМНЕ.

– Има двајца од ВМРО-ДПМНЕ што имаат “опсесивна потреба” да “си го мерат својот авторитет” со мене. 😂 (Ниеден од нив не е Антонио Милошски или било кој друг од нивниот досегашен преговарачки тим – да нема забуна).

Дали на тој начин мислат дека ќе добијат “експертски шмек” не знам, но очигледно е дека се залажуваат дека “можат и знаат стручно да дебатираат”, пишува на фејсбук профилот Министерката за правда, Рената Десковска.

-Бидејќи очигледно мојата вчерашна изјава за Планот Б внесе забуна во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, еве една постојна одредба од нашето позитивно право, која веќе еднаш се примени во пракса и никој тоа не го оспори.

Честит празник!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.