„Вратата на мојот кабинет е отворена за господинот Груевски“- одговори министерката за правда Рената Дескоска на Груевски кој побара таа јавно да се извини за изјавата дека со изнуда преземал фирми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 декември, 2019 10:49

Дескоска до Груевски: Те поканувам да дојдеш, вратата од мојот кабинет е отворена!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за правда Рената Десковска одговори нареакцијата на поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој вчера на социјалната мрежа Фејсбук напиша статус посветен на неа.

Министерската за правда Рената Дескоска важи за кадар на Радмила Шеќеринска и во рамките на дебатата внатре во СДСМ ќе се залага за двојни избори во Април, предвремени парламентарни, заедно со претседателските.

„Вратата на мојот кабинет е отворена за господинот Груевски“- одговори министерката за правда Рената Дескоска на Груевски кој побара таа јавно да се извини за изјавата дека со изнуда преземал фирми.

– Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде, напиша Дескоска.

“По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една.
Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува. Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини. И уште нешто околу интервјуто на Десковска која изнесе неточни информации околу дејствија поврзани со Законот за јазиците и случајот ТНТ, на наводен неетички обид на мој адвокат.
Јас немам од мене ангажиран адвокат во Македонија за случаите на СЈО повеќе од една година. Тие адвокати кои порано сум ги ангажирал, имале, имаат и ќе имаат илјадници други клиенти чии интереси ги бранеле, ги бранат и ќе ги бранат.
Не личи на министер за правда кој претендира да биде сфатен сериозно да ја манипулира јавноста со фрази од типот “адвокатот на Груевски” направил ова или она, кога добро знае дека над една година немам ангажирано адвокат, а дека тие кои некогаш сум ги ангажирал денес бранат права и застапуваат многу други клиенти” напиша Груевски на Фејсбук .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести