Иако владиниот кабинет на Унгарија истакна дека постапката за политички азил е во процедура, Владата состави 400 страници зошто Груевски треба да биде вратен дома

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 13:22

Дескоска на 400 страници ќе објаснува зошто бара екстрадиција за Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

До унгарското Министерство за правда деновиве ќе биде доставено барањето со целокупната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

На прес-конференција во Владата, Бошњаковски рече дека се работи за обемна документација од околу 400 страници која ќе биде соодветно преведена и доставена до унгарските надлежни власти.

Министерството за  правда од надлежните судови ја собира севкупната документација во однос на случајот. Таа ќе биде преведена и доставена до унгарските надлежни органи односно до Министерството за правда на Унгарија. Во документацијата меѓу другото ќе има и образложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија. Се работи за обемна документација околу 400 страници, но без разлика на бројот на страниците, барањето ќе биде официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови. – рече Бошњаковски.

Министерката Дескоска со кратка изјава:

Чекаме прво превод на унгарски јазик, потоа ќе го испратиме барањето за екстрадиција за Груевски од Унгарија. – изјави Дескоска.

Паралелно со ова, се спроведуваат и две постапки во МВР со цел да се утврди начинот на којшто Груевски побегнал од Македонија.

Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегство, како и евентуално надворешни лица кои му помогнале.

По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика како се организирало бегството на Груевски. – истакна Бошњаковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.