Дескоска изјави дека за неа нема ништо чудно и воопшто не е спорно од правен аспект тоа што обвинителите се сместени во истата зграда на СЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2019 12:24

Дескоска: Прислушуваните материјали кои ги поседуваме се безбедни во сеф

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Рената Дескоска во емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат истакна дека  не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на Специјалното јавно обвинителство. Дескоска открива дека тие материјали, се на безбедно и во сеф кај државниот јавен обвинител како што стоеле и досега .

Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршува функцијата вицепремиер на Собранието на Република Македонија. Исто така, во септември 2015 година беше избрана за шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. На 1 јуни 2017 година, таа стана министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев,  но на 4 јуни 2018 година таа беше избрана за министер за правда.  

Јавното обвинителство кај нас е поставено хиерархиски. Согласно постојниот Закон за Јавното обвинителство, а тоа не беше сменето ниту во предлозите кои ги пуштивме во Собрание, републичкиот јавен обвинител има право да делегира предмети на конкретни јавни обвинители. Тоа не е нешто што тој прват го прави, тоа се случувало и во минатото додека бил републички обвинител Зврлевски и во други случаи. Тие ги водат предметите по доделување на републичкиот обвинител, изјави Дескоска во емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат.

Дескоска изјави дека за неа нема ништо чудно и воопшто не е спорно од правен аспект тоа што обвинителите се сместени во истата зграда на СЈО.

Колку што знам тоа е зграда која што е доделена на СЈО, во орган во рамките на ЈО. Тоа е зграда во којашто се сместени обвинителите, во која што се наоѓаат предметите формално, материјалите, така што од тој аспект не станува збор за правно прашање, дека е нешто спорно од правен аспект, туку од практичен аспект веројатно одлучил обвинителот на тој начин да продолжат работите и тоа е апсолутно ирелевантно, заклучи Дескоска.

Дескоска во емисијата истакна дека во СЈО немало вработување на по роднински и блиски врски во СЈО, и дека таа информација веќе била демантирана во јавноста и е апсолутно невистинита.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.