Вечер не успеа да ја дознае која е причината за посетата на Дескоска во Кипар. Останува нејасно дали министерката се наоѓа на службено патување или пак приватно на своја сметка ја посетила оваа држава.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 9:13

Дескоска се СПАКУВА на Кипар

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Додека во Македонија владее хаос по недобивањето на датумот за преговори со ЕУ, и се крчкаат нови избори, кои најверојатно би се случеле на 12. април 2020 година, министерката Дескоска се релаксира на Кипар.

До Вечер пристигнале фотографии како Дескоска сама се шета низ кипарските улици.

Вечер не успеа да ја дознае која е причината за посетата на Дескоска во Кипар. Останува нејасно дали министерката се наоѓа на службено патување или пак приватно на своја сметка ја посетила оваа држава.

Посетата на Дескоска во Кипар следи после најавата за предвремени парламентарни избори во Македонија кои беа неизбежни откако Македонија не доби датум за преговори за членство во Европската Унија.

Дескоска во последниот период беше актуелна во јавноста по неуспехот да се постигне договор за законот за јавно обвинителство. Опозицијата ја обвини министерката, дека таа е пречката за договорот бидејќи сака политичка пресметка, а не еднаква правда за сите што се огрешиле пред законите.

Инаку Кипар е познат по тоа што таму е многу лесно да се отвори банкарска сметка, но и по офф шор компаниите кои таму ги има во изобилство, а кои служат за перење пари и криење на исплатите на клиентите.

Во 2015 година медиумите во Македонија објавија дека постоеле 5 компании на Кипар поврзани со СДСМ преку кои наводно се подмитувале политичари преку лажни договори за рекламирање и услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.