Министерката за правда која не сакаше да е застапник за уставните измени и одбегна да го состави селективниот закон за амнестија ќе го легализира неуставно формираното СЈО

Објавил: Мартин Попоски | 13 декември, 2018 9:19

Дескоска ќе (зло)употреби 80 пратеници за да го озакони СЈО?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерката за правда, Рената Дескоска, изјави дека двата предлог закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за коментирање на ЕНЕР.

Одговарајќи на новинарско прашање дали власта може да обезбеди 80 пратеници за да му се продолжи мандатот на СЈО, Дескоска кажа.

Ќе се вршат интензивни консултации со пратениците за да видиме до кое ниво на регулирање може да обезбедиме 80 пратеници. – рече Дескоска, додавајќи дека обезбедувањето поддршка од пратениците е за прашањето дали е поприфатливо СЈО да биде засебно како и досега, или да биде во склоп на Јавното обвинителство.

Министерката рече дека се предвидени експертски дебати за овие прашања, но дека се зависи од волјата на пратениците.

Специјалниот јавен обвинител ќе може кривично да ги гони претседателот на државата, амбасадори и други претставници на државата во странство, предвидува предлог законот за специјалното јавно обвинителство, објавен на ЕНЕР.

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се трансформира во специјално јавно обвинителство.

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се трансформира во специјално јавно обвинителство.

Шефот на СЈО го избира Советот на јавните обвинители за време од пет години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Во предлогот пишува дека јавните обвинители во СЈО по објавен оглас по предлог на специјалниот јавен обвинител ги избира Советот на јавните обвинители од редот на избраните јавни обвинители на неопределено време. 

Бројот на јавните обвинители, според предлог законот, го определува Советот на јавните обвинители по предлог на специјалниот јавен обвинител во зависност од потребите, сложеноста и обемот на работа.

Освен прислушувањето, СЈО ќе може да гони кривични дела што ги извршиле претседателот на државата, поставените амбасадори и други претставници на државата во странство и именувани лица од претседателот на државата, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје и одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето; животната средина и природата; културното наследство и природните реткости; јавни финансии, платен промет и стопанство.

СЈО ќе може да гони дела што ги сториле вооружените сили; дела против службената должност и јавниот ред, како и кривичните дела неовластено одавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите што се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица од Законот за заштита на сведоците и кривично дело давање лажен исказ, спречување докажување, незаконито влијание врз сведоци, присилба према правосуден работник, спречување службено лице во вршење службено дејствие, ако овие дела се сторени во врска со постапки што ги води специјалното јавно обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести