Според Деспотовски, легитимен е ставот на поранешниот министер Драган Тевдовски искажан на неговиот фејсбук профил, зашто проектот го чувствува како свој.

Објавил: Весна Петровска | 1 ноември, 2019 20:48

Деспотовски за прогресивното оданочување: Нема ништо спорно ако воведете мерка, го увидите ефектот и одлучите да ја смените

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

– Одлуката за одложување на прогресивното оданочување не е популистичка, туку базира на анализи направени во Министерството за финансии. Нема ништо спорно ако воведете некаква мерка, а потоа увидите каков ефект има и решите да ја смените, рече директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Според Деспотовски, легитимен е ставот на поранешниот министер Драган Тевдовски искажан на неговиот фејсбук профил, зашто проектот го чувствува како свој.

-Интересот на граѓаните не може да се смета за популистички. Она што е денеска презентирано како пролонгирање на рокот базира на анализи направени во Министерството за финансии. Левичарската политика во случајов апсолутно не е доведена во прашање. Не сум сигурен дека државава и нашиот животен стандард може да дозволат да левичариме многу. Одговорен политичар ќе каже дали има ефект или не од некоја мерка. Во делот на собирањето на средствата се работело како што треба, но промената е во делот на трошењето, истакна директорот.

Според него, Владата е пријателски настроена кон домашната економија, а не е пробизнис ориентирана.

-Со рамниот денок не е засегната само бизнис заедницата, туку и голем број луѓе од кои имаше реакции зашто им се одземаат дел од средствата што ги заработуваат. Верувам дека тие ќе бидат први што ќе го поздрават ваквиот чекор, дополни Деспотовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пак, оцени дека враќањето на рамниот данок е предизборен популизам и уште една потврда за погрешните економски политики на СДСМ.

– Три години СДСМ води погрешна економска политика. Се гледа јасен очај, сите анкети покажуваат дека граѓаните не живеат подобро и компаниите не работат подобро, а новата министерка Ангеловска слуша наредби од Заев и Анѓушев и на некој начин е жртвено јагне за спроведување на политиките кои наидоа на негирање од нејзиниот претходник Тевдовски, рече Арсовски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...