Во Скопје и околината попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 31 степен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 9:26

Детална временска прогноза: Доаѓа Африкански бран- следуваат пеколни температури

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 31 степен.

Потоа до крајот на оваа недела во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со град , електрични празнења и силен ветер.

Постабилна атмосфера ќе имаме во текот на следната недела, додека температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, и тоа под влијание на бран од Африка кој продира кон нашата држава.

На самиот крај од оваа и на почетокот од следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА, ДО ЕКСТРЕМНА ВРЕДНОСТ и ќе има коефициент некаде од 9 до 10.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...