Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Објавил: Владо Марин | 21 февруари, 2020 7:39

Детална временска прогноза: Заборавете на врнежите и студот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов, како и во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Исклучок ќе биде само вечерва кога локално ќе има нешто повеќе облачност, особено на североисток и на север каде локално ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Утре повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Максималните дневни температури, особено од недела ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината во следните неколку денови ќе има стабилно и суво време, без врнежи. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -3 степени додека максималните дневни од недела ќе бележат тенденција на позначителен пораст, односно истите ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...