„Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години па ќе видиме што е најдобро решение.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2019 13:08

ДЕТЕКТОР: Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе се анализира неколку години па ќе се види подоцна што е најдобро решение.

Опозицијата во овие предлози на Владата гледа уште еден економски експеримент кој како што велат има последици врз деловната клима и негативно влијае на одлуките на странските инвеститори. Екс министерот за финансии Кирил Миновски за Детектор вели дека фискалната политика не може да се менува секој ден.

Тоа е повторно еден експеримент, една недоследност, испраќаме лош сигнал кон домашните компании, кон странските компании, кон граѓаните кон компаниите. Не може во економијата, во фискалната политика катадневно да менуваме концепти“ – вели Миноски за Детектор.

„Целата структура на прогресивното оданочување ќе претрпи измена во насока на тие кои што имаат пониски примања можеби ќе имаат пониски даноци, токму тоа што јавноста го бара и во суштина нашето размислување е во насока на тоа што е перцепција и барање на јавноста и барање на јавноста, тие кои што имаат најмалку, секако најмалку да плаќаат и понатаму да има неколку скалила затоа што таквите примери давале поголеми резултати.

Тие анализи се прават, сметам дека одложувањето дава доволно можност за да концепциски не се откажеме и ние не се откажуваме од прогресивното оданочување“ – вели за Детектор економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика