Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Објавил: Перо Милчин | 8 септември, 2021 17:00

Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред Собранието на Република Македонија во 17:15 часот со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на овој значаен јубилеј.

Директен пренос во живо ќе се емитува на првиот канал на Националната телевизија и на Јутјуб и Фејсбук каналите на Владата на Македонија.

Симфонијата „Убави денови“ ќе ја изведе Филхармонијата на Северна Македонија под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Веднаш потоа ќе започне делот свечено дефиле пред Собранието на Република Македонија кое ја отсликува нашата држава, нашата мултикултурна традиција и нашата европска определба, институциите на државата и граѓанскиот сектор, оружените сили, здравството, пожарникарите, земјоделието, индустријата, спортот и културата, како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани.

Церемонијалниот дел на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста (во 18:30 часот) ќе започне со изведба на уметнички акт на Филхармонијата на Република Македонија сочинет од изведба на Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Овој дел од програмата ќе се затвори со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке“ во изведба на Влатко Стефановски.

Програмата по повод 30 години од независноста потоа продолжува со обраќањата на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери (видео обраќање) и со обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев.

Веднаш потоа ќе започне музичката програма (19:30 часот) со изведба на  музички сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници кои живеат во Република Северна Македонија, во изведба на Вера Милошевска – Јосифовска, Јехона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски.

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Во завршниот дел на музичката програма е предвидена изведба на антологиски забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на Македонија како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“.

Предвиден е и свечен огномет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Моќта на нашата држава е во нашата разноликост и капацитет да се обединиме како едно

Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално...

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...

Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија,...