На децата треба да им се овозможи да останат на отворено колку што е можно повеќе.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 април, 2020 23:39

Децата во Данска се вратија во училиште, но ништо не е како порано: Вака изгледа во училиштата (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Учениците од основното одделение во Данска започнаа со враќање на училиште оваа недела. Иако се чини дека работите се вратија на старо, тоа не е целосно точно.

Џими Сков Гласдам Адетунџи, од училиштето Хендриксолм во градот Родов, во близина на Копенхаген, цел ден го минуваше шетајќи низ училниците и мереше растојание  помеѓу клупите за да можат 440 ученици да седнат најмалку два метра на растојание.

Неколку милји далеку, во Броншој, Филип Мунт го однесе својот шестгодишен син Емил на училиште.

Данска е една од првите земји во Европа што ги затвори границите, продавниците, училиштата и рестораните и забранува големи собири.

„Дејствувавме добро кога многу рано воведовме мерки на ограничување, затоа епидемијата не се ширеше“, рече вирологот Алан Рандрп Томсен од Универзитетот во Копенхаген.

Данскиот премиер Мета Фредериксен најави постепено олабавување на мерките овој месец, заедно со одлуката наскоро да се отворат училишта за ученици од основно одделение. Сепак, за овој чекор, училиштата требаше да обезбедат мерки за хигиена и одржување на далечина.

Властите побараа децата да бидат поделени во помали групи, да ги мијат рацете веднаш по пристигнувањето и последователно да ги мијат најмалку на секои два часа, а чистачите двапати на ден да ги дезинфицираат контактните површини како мијалници, тоалети, рачки на вратите и слично.

Покрај тоа, на децата треба да им се овозможи да останат на отворено колку што е можно повеќе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.