среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Место ресоцијализација, школување и активности за време на издржување на мерките, тимот ги затекнал децата седнати и поспани од силните седативи што им ги дале да ги пијат секој ден.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 октомври, 2019 18:33

Децата од воспитно-поправниот дом „Тетово“ биле дрогирани со седативи 24 часа на ден

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Штитениците во Воспитно-поправниот дом (ВП Дом) „Тетово“, живеат дрогирани со седативи 24 часа на ден, алармира заменикот на Народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа. Иако најголемиот дел од 16 -те штитеници се деца, им се дава доза од пет до 20 милиграми од овие антидепресиви, објавува СДК.

Шкафчето во кое се чуваат лековите во ВП домот „Тетово“ (Фото: Народен правобранител)

„Од увид во медицинските досиеја при посетата во јули, констатирано е дека сите деца од ВПД ‘Тетово’ примаат јака седативна терапија препишана од матичен лекар од Здравствен Дом Охрид или од специјалист доктор невропсихијатар, психијатар. Терапијата се состои во повеќекратни дози во текот на денот, (а особено во вечерните часови), при што им се препишани следниве лекарства за смирување: Дијазепам, Хелекс, Мендилекс, Депакине, Рисперидон и други, од 5 до 20 милиграми дневно, што со оглед на возраста на децата е многу силна доза“, стои во посебниот Извештај на Народниот правобранител по спроведената посета на Домот.

Место ресоцијализација, школување и активности за време на издржување на мерките, тимот ги затекнал децата седнати и поспани од силните седативи што им ги дале да ги пијат секој ден.

„Впечаток е дека поради јаките дози од терапијата која ја примаат, повеќето од нив немаат јасен фокус, делуваат отсутно и незаинтересирано за околината. Во таа смисла, неопходно е да се вршат чести контроли од страна на стручни лица – специјалист, доктор невропсихијатар или психијатар, со цел да се евалуира можноста за намалување на дозите на медикаментозна терапија која ја добиваат децата, а при тоа да се внимава на нивната психичка состојба. Адаптивното и контролирано однесување не може да се постигне единствено преку примена на медикаментозна терапија, туку е потребно пожелните облици на однесување да се развијат и преку тренинг на вештини и бихејвиорални третмани од страна на стручни лица“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.