Ќе добиваат материјали од наставниците во печатена форма и потоа ќе ги враќаат во училиштето преку родителите.

Објавил: Македонка Димкин | 25 септември, 2020 8:31

Децата ќе ни учат од телевизија, родителите ќе си играат поштари!

Фото/Текст извор: ©факултети.мк

Државата нема да набавува ИТ-уреди за основците и за средношколците со кои треба да следат онлајн-настава од 1 октомври. Министерката за образование и наука Мила Царовска неодамна кажа дека е невозможно за кратко време да се набават 40.000 уреди, колку што се потребни за сите. Таа рече дека ќе мора сами да се снајдат во однос на набавката на овие уреди, а првенство имаат децата од социјално загрозени семејства.

Порталот, Факултети.мк исконтактирал со неколкумина градоначалници од помали и поголеми општини и праша дали ќе се погрижат децата да го добијат она што им е неопходно за да следат настава.

 

Неодамна Општина Чашка набави лаптопи за сите советници, токму кога се очекува приоритет на надлежните во државата да биде набавката на ИТ-уреди за учениците што немаат можност да ги купат. Градоначалникот Горан Стојановски вели дека било неопходно да се набават уредите за советниците затоа што без нив Општината трошела многу хартија, па сега тоа повеќе немало да се случува.

Царовска рече дека училиштата каде што има деца без интернет-пристап или ИТ-опрема ќе имаат презентација на МТВ, каде што ќе гледаат 15-минути часови кои се поставени и на платформата. Ќе добиваат материјали од наставниците во печатена форма и потоа ќе ги враќаат во училиштето преку родителите.

– Сега имаме интервента набавка на 150 лаптопи и тоа е за потребите на училиштата, а не за учениците. Тие се за професорите и за наставниците што ќе предаваат од училиштата, како што е планот. Вториот проблем ни е интернетот, односно брзината, и за тоа бараме решенија. Проблем е интернетот во Горно Јаболчиште и во Богомила, брзината е слаба. И главниот проблем е во тоа што ние на територија на општина имаме три централни и пет подрачни училишта, со над 1.000 ученици од прво до деветто одделение. Лани преку две фирми добивме 15 таблети кои им ги дадовме на децата. Точна бројка на потребни уреди немаме, но им требаат лаптопи на околу 300 деца, најчесто од социјално загрозени семејства или од многудетни семејства – вели Стојановски.

Според пресметките, за да се набават потребните таблети, потребни се околу 15.000 евра, пари кои Општина Чашка ги нема во буџетот. Стојановски не кажа дали ќе се бара помош од донатори за децата да ги добијат уредите.

Во Каменица лаптопи за наставниците, таблети за децата

Иако има општини со мали буџети, сепак, градоначалниците бараат начин да ги обезбедат уредите за децата чии родители немаат услови да ги обезбедат. Една од нив е Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица.

Ние имаме мал број ученици во нашите училишта. Паралелките ни се мали, а училишните згради се големи, како и училниците. Мора да бидеме подготвени и за онлајн-настава. Во Македонска Каменица имаме 503 ученици во основно образование и 150 ученици во средно образование. Од нив околу 40 ученици немаат уреди. Во моментот со парите од блок-дотациите се набавуваат лаптопи за сите наставници и професори, кои се вкупно 70 во основното училиште и во гимназијата. За децата што немаат уреди ќе набавиме таблети и ќе најдеме начин да го средиме тоа. Во преговори сме со компании – рече градоначалничката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...