Јелена го одбележа датумот на раѓањето на нејзината мајка, па на гробот на мајка си однесе голем букет со рози, во облик на срце и статуа во вид на ангел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јануари, 2020 15:08

Дивна денес би наполнила 62 години: Болката се уште не стивнува, Карлеуша го посети гробот на мајка си

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата новинарка и мајка на Јелена Карлеша, Дивна Карлеуша, која почина на 3-ти март, денеска би наполнила 62 години.

На денешен ден е родена покојната мајка на Јелена Карлеуша, познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша.

Јелена го одбележа датумот на раѓањето на нејзината мајка, па на гробот на мајка си однесе голем букет со рози, во облик на срце и статуа во вид на ангел.

Дивна почина на 3 ти март минатата година, по долгогодишна борба со тешката болест. Минатата година својот роденден го прослави во кругот на семејството, по што набрзо почина. Дивна и Јелена непосредно пред роденденот минатата година заминаа на патување во Истанбул каде неколку денови уживаа во заедничките денови.

Познатиот новинар на “Радио Белград” некогаш беше добро позната како радио-режисер, а по 33 години работа се повлече од новинарството. Сепак, таа продолжи да биде активна во медиумите, само како учесник во реалити шоу како што се “Фарма”, “ВИП Големиот брат”“Двојки”, “Академија на дебелите ” Таа учела во класа во IX Белградската Гимназија.

Она што многумина не знаеа е  дека Дивна Карлеуша се бореше со сериозни здравствени проблеми, така во 2016 година таа беше примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови. Но на жалост таа се јавила на лекар дури тогаш кога почнала да искашлува крв. Од тогаш биле извршени бројни прегледи кога  започнала  и нејзината борба за живот. Јелена Карлеушва не сакала овие податоци да се објават и тоа вешто го криеле од јавноста со надеж дека еден ден ќе се изборат и нема да има потреба за тоа. Дивна Карлеуша била пронајдена мртва во нејзинииот стан.

Јелена Карлеуша дознала за смртта на нејзината мајка, Дивна, откако се вратила во Белград од нејзините изведби во Велс. ЈК настапи во Велс на 2-ри март. На аеродромот беше пречекана од пријателите и соработниците Јована Дакиќ и Зоран Бирташевиќ, кои само се сместиле во автомобилот и го напуштиле аеродромот, и ја соопштиле трагична вест на Јелена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.