Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Објавил: Весна Петровска | 6 септември, 2019 14:48

Дивоградбите во Охрид ќе станат минато: Повеќе нема молење – само рушење

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Конечно во Охрид ќе бидат решени дивоградбите, како што најави градоначалникот Костантитн Георгиески нема повеќе молби и предупредувања до сопственииците.

-Апелирам до сите кои добиле решенија за отстранување на објекти, независно дали се работи за платформи, тераси, бетонски бази и друг вид нелегално изградени објекти да почнат сами да ги отстрануваат. Уривање во Охрид ќе има многу скоро. Надзор на платформите веќе е спроведен. Сега ќе добијат решение за отстранување на само на платформите, туку и за објектите и за терасите. Станува збор за сите платформи на брегот на езерото, и тоа не само во градот туку и на плажите.
Сопственици на такви објекти во периодот што следува уште еднаш писмено ќе бидат известени дека нивниот објект ќе биде отстранет. Им останува некој рок од уште десеттина дена да почнат тоа да го прават сами. Периодот на преговарање, договарање, молење заврши. Сите што имаат илегални објекти да почнат сами да ги отстрануваат, вели градоначалникот Георгиески.

Охрид мора да ги руши сите дивоградби за да биде под заштита на УНЕСКО

Инаку Охрид од страна на УНЕСКО има рок до февруари следната година да ги спроведе препораките за заштита на природните богатства. Засега, градот нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Општина Охрид од препораките спроведе само три, односно, експресно го изготви Регистсрот на нелегални градби, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на самиот кеј

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.