Постои палета на зеленчук и овошје што треба да се конзумираат во студените денови, особено доколку сте болни од сезонски грип.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 ноември, 2019 14:40

Диета за време на грип- еве кои намирници се потребни за закрепнување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Есента е на прагот, а со неа доаѓа и сезоната на грип и настинка. Секој од нас знае дека кога доаѓа грипот заедно под рака го носи и губењето на апетитот. Болниот човек одбива да јаде а тоа е сосема нормално. Но сепак за да се избориме со грипот потребно е да се храниме и секако тоа да биде здрава храна која ќе го врати имунитетот и ќе помогне за побрзо закрепнување. 

Постои палета на зеленчук и овошје што треба да се конзумираат во студените денови, особено доколку сте болни од сезонски грип.

Нема доктор кој нема да препорача чинија топла супа кога сте болни која го затоплува целото тело особено во студените денови. а истовремено и го хидрира телото. Најубаво би било да се решите за пилешка супа бидејќи содржи железо и протеини, како додаток може да ставите целер и моркови.

Постои палета на зеленчук и овошје што треба да се конзумираат во студените денови, особено доколку сте болни од сезонски грип.

Многумина го избегнуваат поради лошата миризба но токму лукот е оној кој е прв на листата здрава храна а конзумирањето на лук за време на настинка и грип го подобрува имунитетот и ги намалува симптомите. И бидејќи тој е еден од најмоќните борци за вашето здравје се препорачува негово консумирање на празен желудник. Лукот е моќен антибиотик и антиоксиданс, па така ви го штити желудникот од инфекции и болести.

Покрај тоа што е многу вкусен, јогуртот е и многу корисен за нашето здравје и се препорачливо да се консумира секојдневно поради неговите благотворни дејства, но во случај на грип неговото конзумирање е задолжително. Благодарение на корисните бактерии кои ги содржи тој го штити организмот од штетните микроорганизми. Јогуртот содржи посебна врста пробиотици. Поточно, пробиотиците делуваат како природни антибиотици и се многу корисни за спречување на настинки и развој на бактерии во организмот.
На листата намирници кои помагаат против грип неможе да се изостават овошјето и зеленчукот кои содржат витамин Ц кој е особено важен за закрепнување на болниот организам. Тоа значи дека з авреме на грип треба да конзумирате лимон, портокал, црвена пиперка, брокули, јагоди, киви, папаја, кељ, прокељ.

Се препорачуваат и зелени салати од спанаќ, марулата, зелка кои го зајакнуваат здравјето поради количеството на витамин Ц и Е кој го содржат.

Но освен тоа многу е важно да конзумирате вода и чаеви од природни билки или пак природно цедени сокови.

Во периодот на настинка и грип избегнувајте да јадете намирници полни со јаглехидрати, како чипсови, грицки и друга обработена храна која нема никакви витамини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.