Вчера се одржаа и избори за градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, – во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3 340 гласачи од вкупно 3 395 кои го оствариле правото на глас, додека во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освои 3 266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 935 гласови.

Објавил: Едмонд Бекири | 21 август, 2022 10:05

ДИК: Во советот на Тетово влегуваат шест партии: Беса со 12, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА со по еден

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, Алијанса за Албанците 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа. Според ова промени има кај Беса кои имаат четири советници повеќе, ДУИ со еден советник повеќе, ДПА која има еден помалку и Алијанса за Албанците која сега нема советници. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ стануваат како претходно, со четири односно два советника. Во Советот сега влегува Алтернатива со еден советник, пишува 360 степени!

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија(ДИК), шест партии влегуваат во новиот општински совет на Тетово. Најмногу гласови освои Беса – 9 620, потоа ДУИ 8 702, ВМРО-ДПМНЕ 3 332, СДСМ 1 953, Алтернатива 1 118 ДПА 1 058, и тие ќе имаат советници: Беса 12, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА со по еден.

Останатите учесници на изборите се без советници, а меѓу нив е и Алијанса за Албанците која освои 777 гласа, потоа ГИ – Ељмедина Абдуллахи 761, Левица со 646, ПЦЕР 371, ДПТМ 334, ГИ – Агон Заими со 206 и ИНтегра со 161 глас.

Извор: ДИК

Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, Алијанса за Албанците 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа. Според ова промени има кај Беса кои имаат четири советници повеќе, ДУИ со еден советник повеќе, ДПА која има еден помалку и Алијанса за Албанците која сега нема советници. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ стануваат како претходно, со четири односно два советника.

Во Советот сега влегува Алтернатива со еден советник, а независните листи немаат претставник.

Со зурни, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса ја славеше победата. Голем број граѓани се собраа на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Вчера се одржаа и избори за градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, – во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3 340 гласачи од вкупно 3 395 кои го оствариле правото на глас, додека во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освои 3 266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 935 гласови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика