Дука освои 4.291 глас, односно 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците Алтернатива, гласале 4.153 или 48,09 отсто.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 ноември, 2021 6:01

ДИК официјално: Во Дебар победи Дука, разликата пред Поцеста е само 138 гласа

Фото/Текст извор: ©магазин

Според првичните резултати од Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалцијата.

Дука освои 4.291 глас, односно 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците Алтернатива, гласале 4.153 или 48,09 отсто.

Кусо се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Дебар и дебрани секогаш знаеле да го изберат она што е најдобро за нив и вети продолжување на подршката од централната власт.

-Драги и почитувани мои сограѓани од срце ви благодарам за подршката што ми ја дадовте и во следните четири години да бидат на чело на општината. Верувам во Бога и во Вас и заедно општината ќе ја направиме подобро место, онака како што заслужува Дебар. Како и до сега и во иднина ќе бидам градоначалник на сите, независно од национална, верска, партиска или било каква припадност. Сега ве повикувам да прославиме, достоинствено без никакви провокации на плоштадот Скендербег, а од утре да ги засукаме ракавите и ќе работите во оставрување на ветеното, рече Дука во, како што самиот го нарече повеќе од емотивно обраќање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести