-Супер кафе дружба со кандидатите за градоначалници на Куманово Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Објавил: Перо Милчин | 22 октомври, 2021 20:16

Димитриевски испи кафе со кандидатите кои не влегоа во втор круг

Фото/Текст извор: ©магазин

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска имаше кафе средба со неговите противкандидати кои не влегоа во вториот круг.

-Супер кафе дружба со кандидатите за градоначалници на Куманово Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Куманово мора да продолжи да се развива! Ветувам дека по победата на локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и добрите проекти ќе ги инкорпорираме во една програма која ќе значи добробит за сите кумановци.

Граѓаните заслужуваат подобар квалитет на живот, понапредна општина, почисто и зелено Куманово. Ве повикувам на 31-ви октомври да го продолжиме патот кон европско и модерно Куманово!, напиша Димитриевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани