-Максим се уште е член на СДСМ. Бараме поддршка од сите, не сме разговарале со никој. Секоја поддршка е добредојдена, и од било која партија, и од македонскиот и од албанскиот блок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 октомври, 2021 12:27

Димитриевски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ: Секоја поддршка е добредојдена

Фото/Текст извор: ©магазин

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во соочување на телевизија Телма на прашањето дали очекува и дали ќе прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за вториот изборен круг, рече дека секоја поддршка е добредојдена.

-Максим се уште е член на СДСМ. Бараме поддршка од сите, не сме разговарале со никој. Секоја поддршка е добредојдена, и од било која партија, и од македонскиот и од албанскиот блок.

Нас ни се важни граѓаните, не политичките субјекти. Очекувам поддршка затоа што јас сум најдоброто решение на Куманово. Димитриевски е член на една политичка партија, и немам потреба да застанувам на ничиј митинг. Ќе направам се мојата партија да се реформира и да ја вратам партијата каде што треба. Но, она што денеска наликува раководството на мојата партија наликува на она против кое се боревме, вели Димитриевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика