Димитриевски веднаш реагираше. Вели дека изјавата на Заев покажува дека тој се уште е член и дека не се самоисклучил како што изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Објавил: Владо Марин | 3 септември, 2021 6:10

Димитриевски ќе биде исклучен од СДСМ: Секогаш ќе останам социјалдемократ

Фото/Текст извор: ©тв 21

Се очекува на следната седница, Централниот одбор да го исклучи од партијата Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Куманово, кој без одлука на партијата објавил независна кандидатура за уште еден мандат.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека одлучноста на Димитриевски за да не ја чека СДСМ да донесе одлука и да замине предвремено од процесот на избор на кандидати за следните локални избори, е негова лична одлука и со таа одлука сам се самоисклучил од СДСМ, затоа на партијата не и останува ништо друго освен да го потврди неговото исклучување.

Димитриевски веднаш реагираше. Вели дека изјавата на Заев покажува дека тој се уште е член и дека не се самоисклучил како што изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Прашува како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме?

„Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе биде исклучен на следниот состанок на Централниот одбор на партијата, покажува дека вчерашниот став на Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум се уште член на СДСМ. Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации“, истакна Максим Димитриевски.

Димитриевски неколку дена пред СДСМ да ја објави кандидатурата за градот Куманово, излезе на прес конференција каде рече дека по барање на кумановци и со поддршка на неколку истакнати социјалдемократи ќе се кандидира за уште еден мандат за градот Куманово, но овој пат како независен кандидат, а потоа и СДСМ излезе со нивен кандидат за Куманово , а тоа е Оливер Илиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.