Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата ја реафирмирал посветеноста на европските вредности, изразувајќи уверување дека во октомври земјите-членки ќе ја препознаат и валидираат истата со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори.

Објавил: Весна Петровска | 10 септември, 2019 18:10

Димитров во Брисел: Позитивната одлука во октомври е заслужена и најдоброто решение за иднината на нашата држава

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на посетата на Брисел денеска во Европската комисија оствари средба со комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, на која било разговарано за последните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области во земјата, во светло на евроинтегративната перспектива на Република Северна Македонија.

Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата ја реафирмирал посветеноста на европските вредности, изразувајќи уверување дека во октомври земјите-членки ќе ја препознаат и валидираат истата со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори.

– Останува уште малку време до моментот кој ќе може да се смета не само за заеднички успех, туку испишување на историја со предзнак на иднина. Овде сум за да уверам дека позитивната одлука во октомври е заслужена и најдоброто решение за иднината на Северна Македонија, на регионот, но и во интерес на самата ЕУ, порачал Димитров, се вели во соопштението од МНР.

Во рамки на посета на Брисел, Димитров денеска оствари средба и со шефот на кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, Пјотр Серафин.

Од страна на еврокомесарот Хан било потенцирано дека земјата ги исполни очекувањата на тој план со што изгледите за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори со ЕУ, се повеќе од реални.

Министерот Димитров, меѓу другото, му ја честиташе и номинацијата за новата функција на комесарот Хан во идната Европската комисија.

Во контекст на евроинтеграциите се разговараше и на средбата со Пјотр Серафин, шеф на кабинетот на Доналд Туск, на која биле разменети мислења за процесот на донесување одлука на Советот на ЕУ во октомври и во таа прилика беа уште еднаш изнесени нашите очекувања за недвосмислено „да”.

По средбите Димитров, како што информираат од МНР, треба да се обрати на приемот кој по повод на Денот на независноста, 8 Септември, го организираат дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Брисел

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести