Шефот на македонската дипломатија, ги изненадил колегите од Србија, кога на самитот во Солун им го понудил Преспанскиот договор како модел за решавање на косовскиот проблем

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 14:07

Димитров го промовира Преспанскиот како модел за косовскиот проблем

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на македонската дипломатија на самитот во Солун го понудил моделот на Преспанскиот договор како идеален за решавање на косовското прашање, делегацијата на Србија била во шок.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), дадено на маргините на четвртиот министерски состанок што изминатите се одржа во Солун, говори за последните случувања во регионот, за Договорот од Преспа, за но и за случајот со Никола Груевски.

Шефот на македонската дипломатија, коментирајќи ги последните случувања во регионот и на релација Србија  -Косово, изразува надеж дека Договорот од Преспа ќе биде извор на инспирација и мотивација за решавање на другите проблеми, како што е дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Се уште имаме проблеми во регионот. Се надевам дека она што го направивме со Договорот од Преспа ќе биде извор на инспирација и мотивација и за другите проблеми што треба да се решат, како што е дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Еден проблем во регионот влијае на сите нас и успехот на една земја подеднакво добро влијае врз другите земји од регионот. Во наш интерес е да имаме добри односи со сите земји. Нашиот глас за членство на Косово во Интерпол беше доследен како што гласавме и претходно. Ги следиме нашите партнери од ЕУ и НАТО, ќе направиме се за нашите односи со Белград и Приштина да бидат позитивни. – вели Димитров.

Тој додава дека Македонија внимателно ги следи последните случувања, „бидејќи колку повеќе ги решаваме проблемите, толку е подобро за сите нас во регионот”.

За одржаниот министерскиот состанок во Солун, шефот на македонската дипломатија уште еднаш го повторува неговиот став изразен пред грчките медиуми дека е среќен поради фактот што интересот од медиумите бил помал во споредба со претходно, бидејќи тоа, според него, е порака дека успеале да го направат регионот помалку интересен.

Дискутиравме за ситуацијата во регионот, разговаравме за тоа како земјите што се веќе членки на Европската унија, можат да ни помогнат на нас земјите што сакаме да започнеме пристапни преговори. Многу пријатна и конструктивна атмосфера и не треба ова да не изненадува, бидејќи ние навистина сме природни сојузници. – вели шефот на македонската дипломатија.

Во однос на случајот со одобрениот азил за Груевски од Унгарија, Димитров вели дека законите и принципите треба да важат подеднакво за сите, а не селективно. Коментира дека е парадоксално, бидејќи во заклучоците од Советот на ЕУ за општи прашања „се бараат одговорности за индикациите за кривични дела кои произлегоа во врска со прислушуваните разговори”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.