Македонија е мултиетничка држава. Во нашиот Устав стои дека етичките заедници се еднакви“, напиша Димитров на Фејсбук.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 октомври, 2021 14:52

Димитров до Захариева: Нема ниту еден приговор за дискриминација на етничките Бугари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања, бидејќи ги слушам многу често јавно од бугарските политичари, се дел од домашниот контекст или се резултат на меур во кој навистина верувате, и рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на пратеничката Екатерина Захариева која обвини дека во земјава има дискриминација по бугарска етничка основа.

„Какo прво, имаме Комисија против дискриминација. Кога проверив дали има поплаки за овие наводи што доаѓаат од Бугарија дека ние ги дискриминираме граѓаните што сметаат дека се етнички Бугари, до оваа Комисија нема ниту еден доставен приговор против дискриминација. Оттука, тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања – бидејќи ги слушам многу често јавно од бугарските политичари, дали се дел од домашниот контекст или е резултат на меур во кој навистина верувате во такво нешто?

Македонија е мултиетничка држава. Во нашиот Устав стои дека етичките заедници се еднакви“, напиша Димитров на Фејсбук.

Одговорот на вицепремиерот следува откако Захариева изјави дека е крајно разочарана од незадоволителните одговори на Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.