Имено, истиот професор Докмановиќ на 4-ти август 2017 година, со решение на министерката за образование Дескоска, бил дел од составот на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 декември, 2019 8:26

Димитров има СУДИР НА ИНТЕРЕСИ со предлагањето на Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото академик.мк

На вчерашната владина седница МНР Димитров, како законски овластен, го предложил Мишо Докмановиќ, професор на Правниот факултет, за амбасадор во Тел Авив. Но, основан е сомнежот дека ваквиот предлог на Димитров претставува незаконит судир на интереси, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Имено, истиот професор Докмановиќ на 4-ти август 2017 година, со решение на министерката за образование Дескоска, бил дел од составот на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.

Невообичаено за администрација, комисијата се состанала веднаш, истиот ден кога е формирана и по итна постапка го разгледала и одлучила по барањето на ќерката на Димитров да ѝ биде доделена државна стипендија во висина од 40.000€ за секоја година од студиите во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.

МНР Димитров има СУДИР НА ИНТЕРЕСИ со предлагањето на Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив

Со одлуката за доделување на споменатата стипендија Комисијата овозможила член на семејството на министерот Димитров да оствари приватен интерес и материјална корист. Затоа постои основано сомнение дека остварувањето на ваквиот значителен приватен интерес за семејството на Никола Димитров влијаело врз (не)пристрасното вршење на неговите министерски овластувања кога тој одлучил на владата да и’ го предложи токму професорот Докмановиќ, а не некој друг, за амбасадор во Тел Авив.

Голема е веројатноста дека министерот Димитров како избран функционер му возвратил со давање на предност лично на професорот Докмановиќ и му овозможил повластица преку неговото предлагање за амбасадор во Тел Авив.

Затоа за овој случај, согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, антикорупциската комисија треба по службена должност да покрене постапка за утврдување на судирот на интереси на релација Димитров-Докмановиќ и нивната взаемно остварена корист. До завршувањето на таа постапка препорачливо е претседателот Пендаровски да се воздржи од потпишување на указ за ополномоштување на професорот Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести