Димитров вели дека членството во НАТО на Македонија е последица токму од решавањето на спорот со името.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 10:13

ДИМИТРОВ: Им се допаѓа НАТО, ама сакаат да го поништат Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за „360 Степени“, министерот за надворешни работи Никола Димитров ја критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што вели тие најавуваат поништување на Договорот од Преспа но им се допаѓа членството во НАТО.

Никола Димитров (30 септември 1972 во Скопје) — македонски дипломат и министер за надворешни работи на Македонија. Во минатото работел како заменик министер за надворешни работи и амбасадор на Македонија во САД и Холандија. Во 2014 го одбил амбасадорското место во Русија и привремено се повлекол од дипломатијата.

Димитров вели дека членството во НАТО на Македонија е последица токму од решавањето на спорот со името.

„Тие велат – ќе си ги бирам последиците. Ми се допаѓа последицата од Преспанскиот договор – членство во НАТО. Таа ќе си ја задржам, ама договорот не ми се допаѓа. Епа, ако ја тргнете причината, ќе ја нема и последицата. Нашето НАТО членство е директна правна и политичка последица на решавањето на проблемот со Грција, односно на Преспанскиот договор. Ако го тргнеме договорот, ќе ја нема ни последицата. Не можете таква конфузна порака да праќате“,вели Димитров.

Како што вели тој доколку се поништи Договорот од Преспа ќе се вратиме како Поранешна југословенска република Македонија.

„Нашата ракомента репрезентација ќе настапува како репрезентација на Поранешна југословенска република Македонија. Тоа значи дека договори нема да може да потпишуваме на македонски јазик, туку на официјалниот јазик на Поранешна југословенска република Македонија. Значи, нечесно е во однос на нереалноста и нелогичноста – не ја сакам причината, ама ја сакам последицата“,вели Димитров и потенцираше дека со тоа се се враќа одново па дури и кавгите со соседите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.