Борбата, што мене како и многу други ме вовлече во и кон политиката, е на самиот почеток.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јули, 2019 10:40

ДИМИТРОВ: “Истрагата покажува дека системот почнува да се бори со криминалот во државата„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на социјалните мрежи ја искоментира истражната постапка против сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски и напиша дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши.

Никола Димитров напиша дека ако засукаме ракави и сите да работиме до последно, тогаш ќе ја биде државата. Според него истрагата покажува дека системот почнува да се бори со криминалот во државата и дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши.

„Никој не рече дека ќе биде лесно. Можеме да тонеме во разочарување и очај и да ја храниме самопоразувачката енергија дека од нас не бидува ништо. Со мазохизам и неразбирлива радост да ги дочекуваме лошите вести. Чашата секогаш да биде полупразна: “Ти кажав, не бива од нас држава”. Бидејќи, веста денес може да биде и ваква: системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа.

Дека ќе не биде и покрај се и заради се. И заедно со сите кои не веруваат дека ќе не биде. Дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши. И ќе трае, оти е борба всушност на доброто против злото. На некој начин, таа борба, што мене како и многу други ме вовлече во и кон политиката, е на самиот почеток. Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи.

Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно. Бидејќи знаете што е државата? Сите ние, сите граѓани до последен. И кога фрламе по државата, фрламе и по себеси. Ќе не биде народе, тогаш кога секој во своето, ќе турка до последниот атом. Јас не дигам раце додека не не биде. Не сме ние ништо понеспособен народ од било кој друг.

Мегданот тоа да го покажеме и докажеме е токму тука, токму сега. Ќе не биде и точка!“, напиша Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести