Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки.

Објавил: Владо Марин | 13 октомври, 2020 5:43

Димитров: Итно е потребно целосно расчистување на случајот со европските пари за фризерницата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Веднаш да се расчисти случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, повика вечерва вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Реагирајќи на случајот со со скопско фризерско студио кое добило грантови од над 270 000 евра преку програмата „Еразмус+“, Димитров оцени на фејсбук дека впечатокот е загрижувачки, пишува 360!

Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки.

Итно е потребно целосно расчистување на овој случај.
Мора да се истражат сите наоди и да се открие целата слика, оти за државата само едно нешто е поголем срам од шпекулации за наводна злоупотреба на пари на европските даночни обврзници – а тоа е кога во тие сомнежи би имало вистина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика