Никола Димитров вели дека и покрај промената на името и покрај реформите кои се воведуваат во Македонија, доколку не се добие датум за преговори за влез во ЕУ, тоа би било лоша порака за целиот регион како што вели дека можеби не вреди да се инвестира политички капитал во европски компромиси и да се работи фокусирано на реформите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2019 15:51

Димитров и Шекеринска едногласни: Македонија не е подготвена за членство во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска вчера од Софија на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за црноморска економска соработка испратија порака дека Македонија не е подготвена за влез во ЕУ.

Димитров и Шекеринска од Софија порачаа дека Македонија се уште не е подготвена за влез во ЕУ.

Никола Димитров вели дека и покрај промената на името и покрај реформите кои се воведуваат во Македонија, доколку не се добие датум за преговори за влез во ЕУ, тоа би било лоша порака за целиот регион како што вели дека можеби не вреди да се инвестира политички капитал во европски компромиси и да се работи фокусирано на реформите.

Фокусирани сме на октомври. Покажавме европски однос кон регионот, кон соседството, градиме мостови. Дома имаме неверојатен демократски пресврт во изминатите две години. Мислам дека сме апсолутно подготвени да го почнеме пристапниот процес, рече Димитров.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска пак во интервју за европскиот веб портал Еурактив истакна дека одложувањето на датум за преговори за ЕУ не е „најдобрата политика“ и дека министрите на ЕУ едногласно се согласиле дека нема аргументи против започнувањето на процесот.

ЕУ министрите одлучија да се навратат на прашањето за неколку месеци. Она што беше едногласно изразено е дека нема реален аргумент за одбивање почеток на пристапни преговори со С. Македонија, вели Шекеринска.

Таа додаде дека Македонија успеа да го направи своето, и дека дури и најкритичните проценувачи морале да се соочат со напредокот на државата.

Минатата година, списокот на очекувања од ЕУ страната беше доста долг и можеби многумина мислеа дека нема да бидеме способни да испорачаме во толку кус временски рок, имајќи ја на ум тешката политичка агенда, бидејќи сите домашни реформи требаа да одат паралелно со преговорите со Грција, референдумот и уставните измени. Но, успеавме да испорачаме и затоа дури и најкритичните проценувачи на нашиот напредок мораа да се согласат дека го направивме нашето, за жал сега се доцни во испорачувањето од страна на ЕУ, објаснува Шекеринска за Еурактив.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести