Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

Објавил: Владо Марин | 7 јули, 2020 20:37

Димитров: Македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во странство

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонскиот јазик, за нас Македонците, е затворено прашање и дома и во странство. Секое пријателство да биде вистинско и европските интеграции да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување, истакна Никола Димитров!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

„За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување.”

 На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика