Кого не смее да повреди Димитров со неговите изјави . историски моменти за мојата држава

Објавил: Македонка Димкин | 28 мај, 2018 13:41

Министерот Димитров на средба со Хан

Фото/Текст извор: ©Printscrren

Брисел, 28 мај 2018.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот твитер профил порача дека ЕУ е охрабена од последната рунда преговори помеѓу Скопје и Атина за спорот за името.

Хан, кој присуствуваше на неформалниот појадок организиран од Бугарија и Австрија со министерот Никола Димитров и европските министри за надворешни работи утрово во Брисел, на својот Твитер профил порача дека состанок бил „плоден“ и дека сите упатиле поддршка за преговарачкиот процес.

– Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија, напиша Хан.

Дипломатски извори од странски медиуми откриваат детали од средбата утрово. Имено нашиот Министер Димитров средбата ја почнал со воведен говор за напредокот и текот  на преговорите со Грција каде ги упатил истите пораки како и оние во јавноста: дека е постигната рамка за решение и дека експертски групи во двете земји, денеска го студираат текстот во Атина . тој исто така ги брифирал и за текот на реформите кои ги бара ЕУ од Македонија, а на министрите им порачал дека ова се „историски моменти за мојата држава“.

– Кога започнавме имавме значителни разлики, но како што напредуваме во процесот имам впечаток дека сѐ повеќе сме на иста страна, изјавил Димитров.

Министерот потоа настапил со список на реформи и напори кои ги направила Македонија во последните години од судските реформи, борбата против корупцијата, дијалогот со опозицијата, ослободувањето на медиумската сфера, како и подобрувањето на добрососедските односи.

Тој од земјите членки побарал да и помогнат на Македонија со тоа што ќе и дадат старт на преговори

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести