Никола Димитров признава дека “Рекет“ е криминал, но не објаснува зошто за истото не им укажал на Шеќеринска и Сугаревски

Објавил: Данаил Михајловски | 19 август, 2019 10:31

Димитров немал средба со Боки 13, но зошто не ги предупредил Шеќеринска и Заев?

Фото/Текст извор: ©магазин

Вчера во ФБ статус министерот за надворешни работи Димитров порача дека кај него има чувство на бес и апатија заради криминалните димензии на случајот “Рекет“. “Можното соучесништво на обвинител од оваа институција (СЈО) во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат“, порача Никола Димитров, кој на крајот гордо истакнува дека имал правилно претчувство за оваа крими-дружина и затоа тој ниту се сликал со Боки 13, ниту се среќавал, ниту потпишувал меморандуми за соработка со истиот. 

Индиректно, со оваа порака Димитров ги укорува оние негови колеги кои се сликале со Боки Тредичи, а тоа се Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски, оние кои потпишувале меморандуми со Боки 13, а тоа се министерот Сугаревски и градоначалникот Стефан Богоев, и оние коалициони соборци кои често се дружеле со притворениот рекетар, а тоа се премиерот Заев, пратениците Кики и Фрики, и повторно Радмила Шеќеринска, која често семејно одела на вечери во резиденцијата на Боки. На овој начин Димитров многу дипломатски и елегантно се дистанцира себе си од лошиот криминалец Боки 13, но и од оние политичари од власта, кои за разлика од него, немале правилно претчувство за криминалната афера Рекет. 

Според Никола Димитров, „“Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме“. Дали преку пребројувањето Димитров мисли на предвремени избори или на владина реконструкција на чесни и нечесни министри и функционери, останува да се види.

Сепак пораката на Димитров преку Фејсбук е показател дека Владата влегува во фаза на хибернација, во фаза кога едни функционери се оградуваат од можните грешки и незаконити постапки на другите функционери. Оваа порака на министерот Димитров најсериозно треба да ја прочита премиерот Заев, кој веројатно ќе разбере дека шефот на дипломатијата му порачува дека веќе нема намера да го брани за криминалот Рекет доколку истиот власта и обвинителството се обидат да го заташкаат и разводнат. Димитров е свесен дека целата дипломатска заедница во Македонија, особено претставниците на ЕУ-земјите, знаат многу детали за криминалот во Рекет и за инволвираноста на високи државни функционери, обвинители и судии во истиот. За него како министер е нелагодно и тоа што за криминалите на Рекет до најситни детали се знае и во Брисел, бидејќи експерти на ОЛАФ (ЕУ-Агенција за борба против перење на пари) неколку месеци се присутни во Македонија и ја имаат целата слика на овој пирамидален криминал, во кој СЈО и луѓето од врвот на власта биле главните налогодавци, а Боки Тредичи само ефикасен и мотивиран извршител. Тешко дека Франција, Холандија и Данска ќе се согласат да и доделат датум за преговори на земја во која надлежните органи како СЈО ја трампале правдата за милиони евра.

Дилемата од пораката на Димитров е за неговиот карактер. Ако министерот Димитров имал добро претчувство (а како шеф на дипломатијата веројатно имал и информации) дека Боки Тредичи и проектот Меѓународен сојуз, заедно со 1ТВ, се криминална шема за перење на пари, тогаш зошто за истото не ги предупредил колегите министри како Шеќеринска, Сугаревски и Оливер Спасовски? Тие луѓе се дел од неговата екипа во владата и тој како човек кој се сликал за телевизијата на Боки 13 претчувството што го имал требало да го сподели многу порано со нив, а можеби и со целата јавност. Да живееш со претчувство во врска со криминал со месеци и да молчиш за тоа е нефер и кон колегите и кон јавноста. Но, веројатно Димитров не може да им прости на Шеќеринска и на Заев што до последно му ветуваа, но сепак го извисија, да биде кандидат за претседател на државата, и затоа не ни бил мотивиран да ги предупредува за Боки 13. На Димитров реално повеќе му одговарало Радмила и Сугаревски како министри што подлабоко да зацапаат во сликањето, дружењето и потпишувањето со Боки Тредичи, за цената на министерот за надворешни да порасне уште повеќе. Со ваквото дистанцирање од своите колеги кои се дружеле со Боки 13 и со Катица Јанева од СЈО, на Никола Димитров му се зголемуваат шансите да биде технички премиер на владата која би ги организирала следните предвремени парламентарни избори. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...