-На некој начин битката се сели од надвор кон дома. Не чека многу работа со засукани ракави, па би рекол дури и нов начин на водење политика вели Димитров.

Објавил: Перо Милчин | 29 септември, 2019 10:16

ДИМИТРОВ: „Мораме да ги закукаме ракавите, не чека и нов начин на водење политика„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, очекува и Франција да и даде поддршка на Македонија за датум за преговори со Европската унија, изјави министерот за МТВ.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за МТВ, рече дека очекува и Франција да даде зелено светло за датум за преговори со Европската Унија.

Тој вели дека не може да верува дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка.

– Јас неодамна бев во Париз се видов се видов со министерката за Европа, се видов со главниот советник за овие прашања на Макрон, господинот Пон. Се вратив охрабрен. Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка. Не може да не се охрабри добриот тренд, а да се успее со европеизацијата на Балканот. Мислам дека ќе имаме поддршка и од Франција – изјави Димитров.

Министерот за надворешни работи Димитров, смета дека потоа ќе треба да се работи многу на внатрешен план.

-На некој начин битката се сели од надвор кон дома. Не чека многу работа со засукани ракави, па би рекол дури и нов начин на водење политика вели Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика