Димитров потсети дека после Преспанскиот договор, во однос на Грција, гледано од аспект на јазикот на билатералните договори тие се потпишани на македонски и на грчки јазик, вклучувајќи го и последниот за отворање на нов граничен премин за Маркова Нога-Лемос.

Објавил: admin@magazin | 9 февруари, 2021 10:19

Димитров: После цели 14 години македонскиот јазик за првпат е испишан во официјален документ на Европската Унија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Еден од резултатите на Преспанскиот договор меѓу другото е и тоа што по комплетирањето на тој процес, службите во Европската Унија во Брисел излегоа со меѓуинституционален водич за употреба на името и терминологиите каде јазикот е кристално чист македонски јазик и врз основа на тоа Европската комисија како чувар на принципите, стандардите и темелните документи на Европската Унија, вклучувајќи го и Лисабонскиот договор, вели дека треба да подготвуваме целото европско законодавство да го преведеме на македонски, и да бидеме подготвени и да имаме преведувачи од македонски на другите официјални јазици на Европската Унија пред да стапиме во членство.

После цели 14 години македонскиот јазик за првпат е испишан во официјален документ на Европската Унија“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Димитров потсети дека после Преспанскиот договор, во однос на Грција, гледано од аспект на јазикот на билатералните договори тие се потпишани на македонски и на грчки јазик, вклучувајќи го и последниот за отворање на нов граничен премин за Маркова Нога-Лемос.

Нашите позиции, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, редовно ги афирмирам во медиумите ширум Европа во кои редовно апострофирам дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се затворени прашања и нема да дозволиме некој повторно да ги отвора, како што тоа заеднички го направивме со германскиот министер за Европа, Михаел Рот во германскиот весник „Ди Велт“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.