Министерот Димитров се чини дека не е задоволен од она што се случувало во Берлин

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2019 10:34

Димитров се враќа замислен од Берлин, датумот за ЕУ неизвесен!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи заедно со вице премиерот Бујар Османи, беа во посета на Берлин, каде остварија средба со важни пратеници, имаа средби со пратеници во Бундестагот, со државниот министер за Европа Михаел Рот и со лидерката на Конзервативната партија ЦДУ, Анегрет Крамп – Каренбауер.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера имаше свое обраќање во Бундестагот, а по средбата тој изјави дека акцентот во разговорите бил ставен на надворешни фактори што влијаат на процесот на одлучување за пристапни преговори, како што е подоцнежното објавување на извештајот на ЕК оваа година.

Но по средбата, министерот Димитров се чини дека не е задоволен од она што се случувало во Берлин. Датумот за ЕУ е неизвесен а на еден од своите Фејсбук профили министерот објави двеминутна изјава, од посетата во Берлин, каде вели “не е прашање дали, туку кога ќе одлучат да и дадат датум за преговори на МК, поради некои надворешни фактори”.

„ЕУ ако сака да поддржи храбро и визионерско лидерство, политика на компромис, решавања на тешки прашања, градење на европска демократија, силни институциии и одговорност, тогаш треба да се поддржи нашиот напор и да се донесе политичка одлука за почеток на пристапните преговори со Европската унија, напиша Димитров во описот на видеото.

Министерот додава дека нема дилема околу влезот на Македонија во ЕУ, о прашање на време е кога тоа ќе се случи, односно кога ќе добиеме датум за преговори. Министерот во изјавата споменува надворешни фактори па дали тоа ќе биде главниот изговор за добивање на датум за преговори и овој јуни останува да видиме. 

Нема сигнал дека има некаква дилема околу нашето портфолио, зборуваме главно за процесот и за времето кога ова ќе се случи, бидејќи има многу надворешни фактори што влијаат на процесот на одлучување“ изјави Министерот за Надворешни работи  Никола Димитров по брифингот во Бундестагот пред Комисијата за ЕУ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.